ПОЧЕТНА ЕВРОПА КОЧОВ: Освоивме само два бода…

КОЧОВ: Освоивме само два бода…

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

МЗТ Скопје со очекувана победа ја почна сезоната во АБА 2 лигата и ја оправда фаворитската улога во дуелот со ОКК Слобода.

Тренерот Ѓорѓи Кочов не сака еуфорија и покрај убедливиот триумф и веќе размислува на следниот противник – Спарс.

„Ова беше прв сериозен натпревар за нашата нова екипа и очекувано беше да бидеме во грч и да имаме грешки во одбраната. Но, во второто полувреме максимално го искористивме домашниот терен и дојдовме до посакуваната цел.

Секогаш е убаво кога сезоната ќе се почне со победа. Но, ова е триумф кој мора веднаш да го заборавиме, бидејќи не е ништо повеќе од обични два бода. Ни следи пеколен ритам средби со силни противници и мора да се насочиме кон следните предизвици.

Им честитам на моите кошаркари на вложениот труд и пожртвуваноста, а благодарен сум и на публиката која ни ја даде потребната енергија“, рече Кочов по натпреварот.