ПОЧЕТНА ЕВРОПА КОЧОВ: Не е се така идеално

КОЧОВ: Не е се така идеално

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Секој тренер со биланс со 4-0 во АБА 2 лигата и триумф над еден од ривалите за пласман во елитата би бил презадоволен.

Не и Ѓорѓи Кочов кој секогаш тежнее кон идеалното и тоа е она што го води низ кариерата. Младиот стручњак е незадоволен од многу сегменти во играта на дуелот против Борац иако на крајот се брои победата.

„Им честитам на моите играчи за победата. Среќен сум што триумфиравме, но незадоволен сум како игравме. Имавме пропусти, ни останува да ја гледаме оваа средба, да анализираме и да ги поправиме грешките.

фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Игравме без идеја, направивме почетнички грешки при примопредавање на топката, но најважен сепак е конечниот исход, односно победата. Ако нешто треба да се пофали, првпат натскокуваме некоја екипа, и тоа со 17 скока повеќе од противникот”, изјави Кочов.

За неговата екипа претстојат два сериозни теста, двата на гостински терен: против Гостивар во домашното првенство и против Сутјеска во АБА 2.