ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЧОВ: Лавови на терен…

КОЧОВ: Лавови на терен…

сподели

Тренерот на МЗТ Скопје е полн со комплименти за своите кошаркари по натпреварот со Сплит на кој шампионот ја оствари петтата победа во АБА 2.

Ограничената ротација придонесе товарот да падне врз осуммина играчи кои изгинаа на теренот и заслужуваат честитки за покажаната желба и волја за триумф.

„Очекувано тежок натпревар, морам да ги пофалам моите кошаркари кои се бореа како лавови и одиграа многу агресивно и паметно, особено во второто полувреме.

Би ги пофалил и помошниците кои одлично го скаутираа противникот, но и кондицискиот тренер Петар Баснарков затоа што очигледно ги подготвил кошаркарите за сите напори на физички план што ги очекуваат во сезоната.

Петар Баснарков (десно) фантастично ги подготвил играчите на физички план

И пред мечот кажав дека ќе се обидеме да не му дозволиме на Сплит да се одлепи и сакаме натпреварот да влезе во тесна завршница во која би можеле да се издигнеме на психолошки план и да победиме. Среќен сум што успеавме во тоа и што славевме на крајот“, изјави Кочов по натпреварот.

Следен противник на МЗТ Скопје во АБА 2 лигата е словенечкиот Хелиос Санс кој во моментов е на средината на табелата.