ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КОЧОВ: Го направив најправилниот потег!

КОЧОВ: Го направив најправилниот потег!

сподели
фото: Zadar/Zvonko Kucelin

Две години откако беше назначен за прв тренер на МЗТ Скопје и со големо акумулирано искуство во меѓувреме, 35-годишниот стручњак го продолжи договорот со својот клуб на уште една сезона.

Пандемијата со корона вирусот ги оддолжи преговорите, сезоната беше прекината и затоа дури сега дојде до договор за натамошна соработка. Ѓорѓи Кочов е еден од омилените ликови кај навивачите на МЗТ Скопје што и не е изненадување ако се има предвид неговата фанатичност со која го водеше тимот во досегашниот период.

„Навистина сум среќен што го продолжив договорот со МЗТ Скопје, мислам дека го направив најправилниот потег. Почнавме нешто, и ако сега прекиневме, ќе паднеше во вода целиот труд и енергијата што ги потрошивме до овој момент.

Останува сега максимално да се потрудиме, да направиме што поквалитетен и поконкурентен тим кој, со вистински тренинг, ќе биде компетитивен во сите натпреварувања, а особено во АБА 1, ако добиеме шанса“, изјави Кочов за basketball.mk.

Заедно со него, договорот го продолжи и Дамјан Стојановски, а сигурни за идната сезона се уште Бојан Крстевски и Андреј Магдевски.