ПОЧЕТНА ЕВРОПА КОЧОВ: Емотивно сме испразнети

КОЧОВ: Емотивно сме испразнети

сподели
фото: МЗТ Скопје/Петр Стојановски

Триумфалната недела во која МЗТ Скопје ги победи Широки, Работнички и Динамик очигледно оставила трага врз менталната сила на кошаркарите на актуелниот шампион.

Минатиот викенд екипата доживеа изненадувачки пораз на гости кај Еуро Никел во домашното првенство, а сега со голема мака славеше против осмопласираниот тим во АБА 2, Нови Пазар. Гостинот има многу квалитетни кошаркари во својот состав, но МЗТ Скопје сезонава полесно излегуваше на крај против многу посилни екипи од српскиот претставник во регионалното натпреварување.

Дека не е нешто во ред потврди и тренерот Ѓорѓи Кочов иако неговите кошаркари ја продолжија победничката низа на домашен терен.

„Ова беше исклучително тежок натпревар во кој се потврди дека сме емотивно испразнети. Добро е што имаше среќен крај за нас, ова е победа која многу ни значи затоа што и на ваков ден успеаја да го одбранат домашниот терен“, изјави Кочов на прес-конференцијата по мечот.

Во текот на викендот шампионот има релативно полесна задача во домашното првенство, ќе игра против Вардар, а потоа го очекува гостување кај Ловќен во АБА 2.