ПОЧЕТНА ЕВРОПА Клучниот човек за титулата на Ефес

Клучниот човек за титулата на Ефес

сподели
фото: Anadolu Efes

Играчот што постигна 38 поени што е негов рекорд на кариерата, со 20 поени во првото полувреме и 18 во второто, со удар од поле 11/18, со три асистенции и четири скока зад неговото име на последниот натпревар (89:74) од финалната серија, беше икс-факторот во текот на целата сезона.

Шејн Ларкин имаше одлична натпреварувачка година, која што беше крунисана со титулата (14-та) за Анадолу и МВП признанието во финалето против Фенербахче (4:2). Ова е втор најдобар учинок за еден играч во едно финале во Турција, по 40-те поени на Дејвид Риверс за Тофаш (4:1 против Ефес) во 2000-та.