ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Клубовите ќе го модифициираат правилото за македонските играчи?

Клубовите ќе го модифициираат правилото за македонските играчи?

сподели

Екипите од нашата премиерна кошаркарска конкуренција, бараат да се измени една точка од правилото за настап на домашните играчи на натпреварите во највисокиот ранг на натпреварување.

Се работи за времето поминато на терен, затоа што, како што велат прволигашите,  никаде во развиениот кошаркарски свет нема такво нешто.

Наместо да се стимулираат да работат и да се развиваат, нашите играчи лежеле на увото на нивното потекло што им гарантирало место во игра, велат повеќето од екипите во првата лига.

Нема никаква замерка на бројот на странци, но делот од правилото кој што гарантира двајца македонски играчи постојано на терен, само бирократски ја зголемило цената на нашите играчи без никаков стимул за нив, да се изборат за привилегијата да играат.

Следува доставување на потребната документација, од страна на клубовите во Прва лига, до канцеларијата на КФСМ. Смената може да се направи само на собрание на КФСМ, без разлика како тоа ќе биде спроведено (дописен пат).