ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Клубовите и играчите дебатираа, наскоро ќе донесат конечна одлука

Клубовите и играчите дебатираа, наскоро ќе донесат конечна одлука

сподели
КФСМ

Пријатна атмосфера и конструктивни предлози, но без конкретен заклучок на состанокот меѓу клубовите и претставници на професионалните кошаркари што се одржа под „покровителство“ на КФСМ.

Тема беше правилото „тројца домашни кошаркари постојано на терен“ кое Федерација го донесе пред почетокот на минатата сезона, а за кое забелешки имаат неколку клубови од Првата лига. Тие тврдат дека македонските играчи се фаворизирани и дека без мака ја добиваат потребната минутажа затоа што им е загарантирана со правило.

На страната на кошаркарите застана спортскиот директор на Федерацијата, Тодор Гечевски кој сметаше дека домашните играчи и треба да бидат фаворизирани затоа што тие се носители на репрезентацијата. Претседателот Перо Антиќ ги повика клубовите и играчите да најдат заедничко прифатливо решение кое нема да ги оштети ни едните, ни другите, а за доброто на македонската кошарка.

Интересен предлог имаше тренерот на Кожув, Александар Јончевски, поддржан од Дарко Радуловиќ од Вардар, кој смета дека треба да остане квотата од четворица странци во секој клуб, но на терен постојано да има барем двајца домашни играчи.

Претставници на клубовите и кошаркарите се договорија да ги разгледаат сите опции и наскоро да одржат уште еден работен состанок на кој ќе донесат и заклучоци.