ПОЧЕТНА СВЕТ Клиперс се на чекор до финалето на Западот

Клиперс се на чекор до финалето на Западот

сподели
Clippers

Екипата од ЛА поведе со 3:1 против Денвер, по победата 85:96. Каваи Ленард имаше 30 поени со 11 скока и со 9 асистенции, Херел од клупата додаде 15 поени, Вилијамс имаше 12. Морис и Зубац постигнаа по 11, Џорџ 10 поени.

Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс со 26 поени, 11 скока и 6 асистенции, Мари постигна 18 поени, три помалку имаше Портер. Со триумф на следниот натпревар, Клиперс ќе се борат за титулата во конференцијата.