ПОЧЕТНА СВЕТ Клиперс победуваат и кога првата ѕвезда не игра најдобро

Клиперс победуваат и кога првата ѕвезда не игра најдобро

сподели
фото: LA Clippers

Херел постигна 26 поени, Џорд додаде 25, Ленард имаше 11 поени во победата на Клиперс против Портланд, со 117:97. Ова е најдобриот старт на франшизата на домашен терен, со 13 победи и 1 пораз.

МекКалум имаше 20 поени, Вајтсајд постигна 18 со 13 скока, Лилард имаше 16, а Ентони постигна 9 поени за гостинската екипа, чија серија од три победи беше сопрена во Стејплс центарот во ЛА.