ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Клеј во дрес!

(ВИДЕО) Клеј во дрес!

сподели
skysports.com

Голден Стејт загуби од Денвер по едно продолжение, со 131:134, па трикратниот шампион ќе почека уште неколку дена за десеттата победа сезонава.

Кампањата за заборав продолжува за составот од Сан Франциско, но навивачите на овој тим имаа на што да се израдуваат пред последниот натпревар, кога на загревањето се појави Клеј Томпсон во дресот на својот тим.

Суперѕвездата се уште не е подготвена за камбек на паркетот, но неговата рехабилитација се одвива со одлично темпо. Сепак, со оглед на пласманот на Голден Стејт, мали се шансите да го видиме Томпсон со настап во рамките на оваа сезона.