ПОЧЕТНА Некатегоризирана „Класата 2019“ влезе во Куќата на славните

„Класата 2019“ влезе во Куќата на славните

сподели
FIBA

Непосредно пред почетокот на Светското првенство, како дел од 21-виот Конгрес на ФИБА, светската кошаркарска организација им оддаде признание на 11 личности за нивниот придонес во развојот на кошарката.

Жанет Арсаин од Бразил, Марго Дидек од Полска, Атанас Голомеев од Бугарија, Наталија Хејкова од Словачка, Зуојун Моу (постхумно) од Полска, Алонсо Морнинг од САД, Фабрисио Оберто од Аргентина, Хозе Ортиз од Порторико, Богдан Тањевиќ од Црна Гора, Мохсен Медхат Варда од Египет и Јиржи Зидек од Чешка се нови членови на Куќата на славните на ФИБА.

„Горди сме што можеме да им посакаме добредојде во Куќата на славните на ФИБА на овие кошаркарски величини . Нивниот придонес на и надвор од терените помогна овој спорт денес да биде еден од најпопуларните во светот. Од срце им честитам и им посакувам многу успех во животот“, изјави Хорасио Мураторе кој досега ја извршуваше претседателската функција во ФИБА.

Дел од нив не присуствуваа на церемонијата, но некои испратија свои претставници кои во нивно име го примија признанието, односно потврдата за влезот меѓу легендите.