ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА КК ВАРДАР: Жалиме за инцидентот, не сакаме да се повтори

КК ВАРДАР: Жалиме за инцидентот, не сакаме да се повтори

сподели

По повод инцидентот што се случи на натпреварот во младинска конкуренција, со своја реакција се јави Кошаркарскиот клуб Вардар.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

„Кошаркарскиот клуб Вардар жали за инцидентот, не го оправдува однесувањето на своите кошаркари и сите во клубот се категорични дека не смее да се прифати ваков тренд. И покрај тоа сметаме дека казните што ги добија се превисоки затоа што не постои физички контакт со некој од судиите. Ние веќе се жалевме и казните беа ублажени иако не онака како што очекувавме.

Вардар секогаш се трудел за промоција на вистинските вредности, пред се градиме карактери, луѓе, а потоа кошаркари. Веќе разговаравме со играчите и нивните родители и искрено ќе се трудиме вакви работи да не се повторат.

Цениме дека за случајов се крена преголема фама и кошаркарите веднаш беа жигосани иако станува збор за дисциплинирани и примерни деца, двајца од нив и репрезентативци на Македонија кои играа на Европското првенство А-дивизија минатото лето.

Како илустрација, сите тие се одлични ученици во своите училишта со големи шанси своето школување да го продолжат на познати универзитети во САД. Некои од нив во својот живот нема добиено ни техничка грешка, камоли нешто повеќе.