ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА КК ФЕНИКС: Се оградуваме од ваквите сцени, кои и штетат на кошарката

КК ФЕНИКС: Се оградуваме од ваквите сцени, кои и штетат на кошарката

сподели

По обелоденувањето на билтенот од мечот меѓу Фениск и Вардар, вом ладинска конкуренција, кој не заврши поради влегување на родители на терен и обид за физичка пресметка со судиите, домаќинот на натпреварот реагира со соопштение упатено на адреса на basketball.mk:

Се оградуваме од ваквите и слични инциденти во нашата кошарка, предизвикани од луѓе кои не се актери на теренот. Ние како клуб преземавме се што е во наша моќ, да го организираме натпреварот според сите стандарди, како што тоа го правиме секогаш.

Не можеме да бидеме одговорни за она што ќе се случи на и од трибините, каде има родители и на нашите кошаркари и на кошаркарите на другата екипа. Кој може да исконтролира цела една топла на луѓе и кој може да претпостави дека ќе се случи вакво нешто?

Дел од атмосферата на последниот младински (М18) завршен турнир во нашата земја (мај, 2019), на кој имаше повеќе публика од дуелите во прволигашката конкуренција.

Во овој случај, инцидентот беше предизвикан од страна на родителите на играчите на другата, гостинската екипа. Ние, како клуб, се залагаме за кошарка и само за кошарка. Наша цел е да произведуваме играчи, нешто што го правиме успешно, исто како и екипата на Вардар.

Треба да се стави крај на ваквите испади на родителите, кои не одат во прилог на развојот на овој спорт и на развојот на младите, воопшто. Каков пример им даваме на нашите деца?