ПОЧЕТНА СВЕТ Кинезите ја рестартираа кошарката

Кинезите ја рестартираа кошарката

сподели
FIBA

Премиерната кинеска кошаркарска лига продолжи со натпреварите, по скоро 5 месечен хијатус поради нападот на пандемијата коронавирус. Странците се во помал број меѓу играчите, а публика на трибините нема.

ЦБА беше прекината на 24-ти јануари, откако беше обелоденето дека оваа (подоцна светска) напаст беснее во Вухан, само една недела пред планираното враќање по пролетната пауза на крајот на регуларниот дел.

Полуфиналната фаза почна со 20 тима, кои се поделени во две дивизии, со лимитирани и редуцирани патувања.