ПОЧЕТНА СВЕТ Кина ги растури односите со Рокетс поради – Хонг Конг!

Кина ги растури односите со Рокетс поради – Хонг Конг!

сподели

Политиката се вмеша во спортот и тоа веднаш резултираше со крај на соработката на една од најмоќните држави во светот и НБА франишизата од Тексас.

Генералниот менаџер на Хјустон Рокетс, Дерил Мори преку Твитер му даде поддршка на Хонг Конг во борбата за независност од Кина. Тоа е големо изненадување ако се знае дека поради Јао Минг, овој тим беше убедливо најпопуларен во азиската држава.

Јао Минг е една од најголемите ѕвезди во историјата на Хјустон Рокетс иако поради повреди прерано ја заврши кариерата

Постои можност ситуацијата да се смири со евентуално извинување на Мори за своите ставови, но тој засега отфрла таква можност, освен што во меѓувреме го избриша својот коментар од Твитер.

„Немав намера да навредам некој од навивачите на Рокетс или мој пријател од Кина. Само го истакнав своето мислење, базирано на мојата интерпретација на ситуацијата“, изјави Мори, не давајќи конкретен став на оваа тема.

Дерил Мори

И сопственикот на франшизата Тилман Фертита му даде максимална поддршка на генералниот менаџер.

„Мори не зборува во името на Рокетс, само ги изразува своите ставови. Јас немам никаков проблем со него, тој е најдобар генерален менаџер во лигата. Ние не сме политичка организација, тука сме да играме кошарка и не сакаме да навредиме никого“, изјави Фертита.

На 1 октомври Хјустон Рокетс го одигра последниот натпревар против една кинеска екипа – тимот на Шангај и победи со 140:71. За летово не се планирани други дуели со екипи од оваа земја, но прашање е дали во иднина Кинезите ќе бидат толку гостопримливи за шампионот од 1994 и 1995 година.