ПОЧЕТНА А Репрезентација КФСМ конечно добива своја сала

КФСМ конечно добива своја сала

сподели

Раководството на КФСМ оствари една од своите најголеми желби откако дојде на чело на оваа организација. Федерацијата ја доби на неограничено време големата сала во СРЦ Кале која досега беше под концесија на познатиот спортски работник Михајло Михајловски.

Во иднина во оваа сала ќе тренираат и ќе се подготвуваат репрезентациите на Македонија во сите возрасни категории, а ќе биде отворена и за индивидуални тренинзи на младите таленти.

“Нашата цел е развојот на младинската кошарка. Тоа го ветивме и го остваруваме. Конечно добиваме своја сала со која што ќе стопанисуваме и ќе можеме да ја користиме за унапредување на нашите селекции.” – изјави претседателот на федерацијата, Перо Антиќ.

Владиниот советник за спорт, Даниел Димевски најави дека до крајот на оваа недела КФСМ ќе добие под свое владение уште една сала во Македонија, но тоа нема да биде се.

„Кошаркарската федерација нема да биде единствена што ќе добие сала во своја трајна сопственост. Во иднина и на другите федерации ќе им бидат отстапени спортски објекти.

Во план е и изградба на Спортски центар во кој ќе бидат сместени речиси сите Федерации во Македонија, тоа најверојатно ќе се случи за 1,5 до 2 години.“ – рече Димевски.

Големата сала во СРЦ Кале последните години беше дом на младинските екипи на Ракометниот клуб Вардар. Таму се играше Европското првенство во јуниорска конкуренција (М18) Б-дивизија 2018.