ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ќерката на Димче Гаштарски влезе во балетската НБА лига

Ќерката на Димче Гаштарски влезе во балетската НБА лига

сподели
фото: ФБ профил Димче Гаштарски

Ако досега семејството Гаштарски-Илиевски беше познато по кошарката, во иднина веројатно ќе биде уште пославно поради балетот.

Ќерката на Димче Гаштарски и внука на Владо Илиевски не тргна по нивните, туку по стапките на мајка си која е инструктор по балет. Напорната работа се исплатеше бидејќи таа стана првата Македонка примена во театарот Бољшој во Москва. Стефанија Гаштарска веќе има искуство во оваа институција бидејќи на настапи таму на 16-годишна возраст, како принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“.

фото: ФБ профил Димче Гаштарски

Пресреќниот татко со кошаркарски речник, на својот ФБ профил, ја сподели прекрасната вест за новата ѕвезда на македонскиот и светскиот балет.

„Стефанија Гаштарска, прва македонка примена да работи во лулката на балетот, врвниот Бољшој Театарот во Москва…Една и единствена, на мојата и наша Стефи и се исполнуваат соништата….Што пие кафана!!!

П.С.Еден од фамилијата сепак заигра во НБА лигата, ама онаа балетската“, напиша Димче.

Тој е поранешен македонски младински и сениорски репрезентативец, играше кошарка од 1997 до 2013 година како член на Струмица, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Неметали Огражден и Вардар. Најѕвездениот момент од неговата кариера е победничкиот кош во финалето од Купот на Македонија, во последната секунда, за триумф на МЗТ Скопје против Работнички со 68:66.

Неговиот брат и чичко на Стефанија, Владо Илиевски играше за неколку врвни европски клубови, а беше член и на македонската репрезентација која го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија пред девет години.