ПОЧЕТНА НБА Кер го нападна Дејвис

Кер го нападна Дејвис

сподели
Washington Post

Тренерот на екипата што претходните 5 години царуваше во НБА лигата, ги обвини Лејкерс и поранешниот играч на Пеликанс дека го исфорсирале неговиот трансфер во ЛА, со што ја уништувале основата НБА лигата.

„Форсирањето на трансфери на играчите што не се слободни агенти, е лошо и тоа е голем проблем за лигата. Зборувам за ситуацијата на Ентони Дејвис. Тој е здрав и имаше уште две години од договорот со тимот од Њу Орлеанс. Одеднаш, посака да си оди.

Кога ќе потпишеш до одредена линија, треба да ја почитуваш, како и клубот, градот, навивачите. Кога си слободен агент, имаш потполно право да си заминеш. Но, би требало да си посветен на договорот што те обрвзува.“ – рече Стив Кер за Вориорс Инсајдер Подкаст.