ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА КЕЧОВСКИ: Подготвени сме да истраеме во битката за правда!

КЕЧОВСКИ: Подготвени сме да истраеме во битката за правда!

сподели

Претставникот на кошаркарските клубови кои се незадоволни од изоставувањето од поделбата на даночните средства преку ваучери, најави сериозен обид на огромна група спортски колективи, кои егзистираат во пониските рангови, да се истера правдината на виделина:

„Оваа битка ја водиме заедно со ракометарите. Поради политички игри е спречен процесот кој требаше да ни обезбеди ваучери. Кошаркарските второлигаши донесоа заедничко известување испратено со МКФ и АМС. Како никогаш досега сме сложни и ќе останеме сложни да ја испраивме неправдата. Кошарката не е само Првата лига туку и Втората и младинските лиги.

fiba.basketball

Многу од репрезентативците кои играа летово играат во овие младински екипи, поради што со право бараме да бидеме опфатени со овој ваучерски систем. Сѐ додека не се добие ваучер, второлигашите нема да почнат со натпревари во системот на КФСМ. Апелираме и до прволигашите да нѐ поддржат и во некој од следните викенди и тие да бојкотираат заедно со нас.“ – изјави Благоја Кечовски од КК Ангели, кој воедно е и претседател на Здружението на второлигашите.