ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Ќе се вратат ли дома со одбранета чест, пред да ги заменат?

Ќе се вратат ли дома со одбранета чест, пред да ги заменат?

сподели
FIBA

Американските репрезентативци се на удар на американската јавност, не само тие што се во Кина, туку сите НБА играчи. Мотивот за критичарите се отсуствата и одбивањата на најголемите ѕвезди, да играат на светските првенства, а воедно и лошиот резултат на актуелниот шампионат.

Дел од американските новинари што се експерти за интернационалната кошарка, се појавија со идеја да се повикуваат евролигашките Американци, на сметка на НБА ѕвездите, во натпреварување што е со правилата на ФИБА и што не е атрактивно за најдобрите играчи на денешницата.

Последните дуели на 18-то СП, САД ќе ги играат прво против селекцијата на Србија која се споменуваше како нивен најголем конкурент за финалето, а потоа ако победат или ако загубат, ќе играат со победникот или со поразениот од мечот Полска – Чешка, во битката за 5-та или за 7-та позиција.

Дали нивната судбина ќе зависи и од овие натпревари, иако веќе обезбедија олимписки билет како втора најдобра американска селекција (Аргентина), но нема медал, го загубија двојното злато од 2014-та и 2010-та? Дали сериозно ќе се разгледува евролигашката опција?