ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ќе летаат глави во Аеродром

Ќе летаат глави во Аеродром

сподели

Раководството на македонскиот шампион и учесник во АБА2 регионалната лига, не е задоволно до учинокот на неколку првотимци, поради што паузата за настапите на репрезентацијата, ќе биде искористена за корекции во ростерот.

„Не е тајна дека не сме задоволни од учинокот на дел од странските засилувања и во следниот период дефинитивно ќе направиме претумбации во тој дел. Активни сме на пазарот барајќи поквалитетни дополнувања, иако немаме премногу време, бидејќи преодниот рок во АБА завршува в сабота.

Промени сигурно ќе има, но на кои позиции и место кои интернационалци, дополнително ќе биде решено.“ – вели извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром, Тони Грнчаров.

Најзагрозени во таборот на актуелниот македонски шампион, неофицијално, се Морнар, Радуловиќ и Харис, пишува Sport1.