ПОЧЕТНА Некатегоризирана Ќе имав 12 прстени ако Шек не беше мрзлив

Ќе имав 12 прстени ако Шек не беше мрзлив

сподели

На преминот од минатиот во овој век Лос Анџелес Лејкерс беше тимот што доминираше во НБА лигата.

Од 2000 до 2002 година освои три шампионски титули, во 2004 година, засилен со Гери Пејтон и Карл Мелоун, играше финале против Детроит, но доживеа дебакл и тука се растури таа династија што ја предводеа Коби Брајант и Шекил О’Нил.

На сите им беше јасно дека двете големи ѕвезди не се сакаа многу, но и деценија ипол подоцна двајцата си упатуваат отровни стрели преку медиумите.

„Да не беше Шек дебел и мрзлив, ќе освоев 12 шампионски прстени во кариерата. Никогаш не сакаше да тренира и тоа многу не чинеше“, изјави Коби кој е промотор на Светското првенство во Кина.

Тој освои „само“ пет титули, три со Шек и уште две во 2009 и 2010 година. О’Нил замина во Мајами во 2004 година и две сезони подоцна дојде до шампионскиот трофеј и со франшизата од Флорида. На поранешниот центар не му требаше многу да му одговори на Коби.

„Ако ти подаваше, на пример во финалето против Детроит, сигурно јас ќе имав повеќе титули“, рече Шек.

Двајцата дојдоа во Лејкерс во 1996 година, заедно играа осум сезони, освоија три титули, загубија едно финале и уште две полуфиналиња, од Сан Антонио Спарс.