ПОЧЕТНА Некатегоризирана Ќе го мамиш Баркли? Ќе скапеш во затвор!

Ќе го мамиш Баркли? Ќе скапеш во затвор!

сподели
USA Today

Адвокат е обвинет и осуден на 5 години затвор, со дополнителна отштета од скоро 15 милиони долари, за измамата што ја спровел кај поранешниот НБА кошаркар Чарлс Баркли, користејќи го името на поранешниот државен секретар на САД, Кондолиза Рајс.

Доналд Воткинс

Обнвинителството барало 17 години затвор за Доналд Воткинс и 6 години за неговиот син, Јуниор, двајцата вмешани во финансискиот скандал во кој што Баркли загубил 6 милиони долари. Во шемата во која што биле вклучени и други измамени спортисти, бил и поранешниот НБА кошаркар Дејмон Стадемајер.