ПОЧЕТНА СВЕТ Ќе ги сопре ли некој Бакс?

Ќе ги сопре ли некој Бакс?

сподели
forbes.com

Со победата од 128:102 над Њујорк, Милвоки го забележа четвртиот триумф во низа за вкупен скор кој сега брои 36 победи и 6 порази. Единствен тим кој може резултатски да им парира на Бакс, се Лејкерс кои се на врвот на Западот со 33/7.

Јанис Адетокумбо диригираше со 37 поени, 9 скока и 4 асистенции, а 17 поени додаде Миделтон. Кај гостите, 25 поени и 15 скока имаше Џулиус Рендл, додека 22 поена и 8 скока додаде Берет. Никс се на претпоследното место на Истокот, со 11/30.