ПОЧЕТНА Други репрезентации Ќе биде жестоко до 18 години, подготовките почнаа во теретана

Ќе биде жестоко до 18 години, подготовките почнаа во теретана

сподели

Селекцијата што ќе ги брани нашите бои пред прагот на полнолетството, на ЕП во Б дивизијата во Орадеа, Романија, се подготвува со цел да ја темпира формата за престојните мечеви на континенталниот собир.

Избраниците на новиот селектор Тони Симиќ се во СЦ Борис Трајковски, каде што се под палката на кондицискиот тренер Анатолиј Романов, кој што „нема милост“ и веќе го доби прекарот – „мачителот“.

Континенталниот собир го стартуваме со мечевите во групата Б, против селекциите на Ирска, Грузија, Данска, Украина и Словачка. Првиот меч го играме на 26-ти јули, од 20:45 часот против Ирците.