ПОЧЕТНА НБА Кави се враќа во Торонто на 11-ти декември

Кави се враќа во Торонто на 11-ти декември

сподели
Washington Post

Играчот што беше клучната алка во освојувањето на титулата минатата сезона, за екипата на Репторс, повторно ќе се појави на паркетот на кој што стигна до историското достигнување – прв НБА пехар за една канадска франшиза.

НБА лигата го објави распоредот за следната сезона, а ова се поинтересните датуми со имињата на играчите кои што се враќаат кај своите претходни екипи:

Шарлот – Бостон (Кемба Вокер, 7-ми ноември)
Мемфис – Јута (Мајк Конли, 15-ти ноември)
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс (Ентони Дејвис, 27-ми ноември)
Бостон – Бруклин (Кајри Ирвинг, 27-ми ноември)
Торонто – ЛА Клиперс (Кави Ленард, 11-ти декември)
Оклахома – ЛА Клиперс (Пол Џорџ, 22-ри декември)
Оклахома – Хјустон (Расел Вестбрук, 9-ти јануари)

Отворањето на сезоната ена 22-ри октомври, со мечевите Торонто – Њу Орлеанс и Клиперс – Лејкерс. На Божиќ ќе играат Торонто – Бостон, Филаделфија – Милвоки, Голден Стејт – Хјустон, Лејкерс – Клиперс и Денвер – Њу Орлеанс.

Ол-Стар викендот е од 14-ти до 16-ти февруари во Чикаго.

Најмногу појавувања на националните телевизии (ABC, ESPN и TNT) ќе имаат Лејкерс (31), Голден Стејт (30), Хјустон (26), Клиперс (26) и Бостон (25). Сезонава ќе има рекордни 48 преноси по европско време.