ПОЧЕТНА СВЕТ Каваи се врати да му донесе јубилеј на Риверс

Каваи се врати да му донесе јубилеј на Риверс

сподели
фото: LA Clippers

Тренерот на Клиперс стигна до 900-та победа во кариерата, благодарение на 27-те поени и лидерската улога на Ленард, кој повторно го виде паркетот по еден меч пауза во ротациската политика што ја спроведува стратегот на тимот од ЛА.

Последниот МВП на финалињата ги постигна и последните 4 поени за домаќинот, имаше и 13 скока со 6 загубени топки во триумфот со 107:101, а кај поразениот Портланд се истакна двојката Дејмијан Лилард и СЏ МекКалум со по 22 поена.