ПОЧЕТНА Во позадина Каваи Ленард со титула во НБА, сестра му – убиец!

Каваи Ленард со титула во НБА, сестра му – убиец!

сподели

Постои еден стар виц: Имала мајка две деца, едниот директор, другиот – да е жив и здрав. Меѓу народот се користи за да се објасни разликата во квалитет или успешност на децата во едно семејство.

Кај Каваи Ленард не се две, туку пет деца, но во годината кога тој ја освои шампионската титула во НБА лигата со Торонто Репторс, инаку втора во неговата кариера, постарата сестра Кимеша Вилијамс е уапсена под обвинение за тешко кривично дело.

Лошо и се пишува на Кимеша Вилијамс

Според полицијата во Калифорнија, таа и извесна Кендис Таунзел се обвинети за убиство на 84-годишната Афаф Анис Асад во едно казино во Темекјула. На 31 август, двете ја следеле несреќната жена до тоалет каде и нанеле тешки телесни повреди, меѓу останатото и фрактура на черепот и потоа ја ограбиле.

Афаф Анис Асад починала в болница на 4 септември, а ден порано Вилијамс и Таунсел се уапсени и задржани во притвор без право на кауција. При нападот тие украле меѓу 800 и 1200 долари.

За споредба Каваи Ленард ова лето потпиша договор со Лос Анџелес Клиперс за 142 милиона долари.