ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кавадарчани со новото име, почнаа со победа во Скопје

Кавадарчани со новото име, почнаа со победа во Скопје

сподели
фото: ABA Liga

Тимот на Еуроникел славеше на гостувањето во главниот град, со 82:92 против екипата на Вардар. Првиот период беше пресуден, кога гостите по 10 минути направија предност од 10 поени. Домашните стигнаа на 76:77 на 04:31 до крајот, но немаа сили за пресврт.

kfsm.mk

Александер Марцет и Ѓорѓе Каплановиќ (14 скока) беа најдобри со 23, односно 22 поена кај победникот. Караколев имаше 15, Соколов 10 поени. Кај поразените, најдобри поединци беа Ајуда Невес со 23 поени, Темелковски со 17 поени и 10 скока, Робев постигна 11 поени.