ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Категоризација на играчите за излез од кризата

Категоризација на играчите за излез од кризата

сподели

Тренерот на новиот прволигаш МЗТ Скопје 2, или како и да се вика во новата сезона, кој што е посебен правен субјект од МЗТ Скопје Аеродром, предлага светско решение за македонски услови.

“Категоризација на играчи според годините на стаж во лигата и лимитирани плати според стажот. Во превод тоа би значело една година стаж 500 евра, 2 години 1.000 евра плата, 3 години 2.000 евра плата и слично.

Цифрите се на памет дадени, не се ни битни. Тоа е урнекот на НБА лигата кој што функционира децении наназад, а се вика КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР.” – не потсети Горан Крстевски на решението што ни е пред нос.

Ќе потсетиме дека играчите и клубовите се во ќорсокак, откако двете страни не се согласуваат едни со други за висината на платите, а главен “проблем” е правилото тројца играчи во секое време на терен во нашата Прва лиг(ичк)а.