ПОЧЕТНА Женска кошарка Катастрофална последна четвртина, нов пораз на јуниорките

Катастрофална последна четвртина, нов пораз на јуниорките

сподели
FIBA

Женска М18 репрезентација на Македонија уште нема победа на Европското првенство Б-дивизија во Скопје.

Во четвртиот натпревар од групната фаза беше најблиску до неа, 30 минути ги контролираше играта и резултатот против Австрија, а сепак на крајот доживеа убедлив пораз.

FIBA

По три четвртини Македонија водеше со 45:43, потоа дојде до огромна криза во нападот, Австријките направија 17:2 и на помалку од три минути пред крајот резултатот беше 47:60.

FIBA

Албина Пљакај со 14 поени беше најефикасна во нашата селекција со 14 поени, Поп Стојанова постигна 8 поени и 9 скока, а Селцова 9 поени, 9 скока и 6 асистенции.

FIBA

Последна шанса групната фаза да ја завршиме со барем една победа е дуелот со Словачка. Последното место во групата не можеме да го избегнеме.