ПОЧЕТНА ЕВРОПА Каталонската машина зариба уште во третиот круг

Каталонската машина зариба уште во третиот круг

сподели
фото: AS

Барселона уште е далеку од својата најдобра форма и тоа го покажа на гостувањето кај Андора. И претходните настапи на шпанскиот гигант не беа на очекуваното ниво, но на среќата и дојде крајот.

Андора победи со 86:84 нанесувајќи и го на Барса првиот пораз во новата сезона во АЦБ лигата. Освен големата борбеност, клучен фактор за победата беа 18-те офанзивни скока на Андора и 23-те загубени топки на гостите.

Поранешниот играч на каталонскиот тим Муса Диањ беше најдобар стрелец во домашниот состав со 19 поени, Јелинек и Тодоровиќ постигнаа по 17. Исто толку реализира и Миротиќ кај Барса, но 10 од нив постигна од линијата за слободни фрлања.