ПОЧЕТНА Во позадина (ФОТО) Кари потпиша за Барселона!

(ФОТО) Кари потпиша за Барселона!

сподели
CNN International

Најдобриот шутер во светот е сопственик на бројот 30 на актуелниот шампион на Шпанија, но во фудбал.

Во рамките на кампањата на јапонската компанија Ракутен, која е спонзор на Барса и на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари на подарок доби дрес на каталонскиот гигант. Интересено е тоа што во еден дел од кариерата бројот 30 го носеше Лионел Меси кој е еден од омилените спортисти на американскиот кошаркар.

„Тој е фудбалски гениј, неговите креативност и талент се неверојатни“, изјави Кари во една прилика.

Тој не е единствениот американски кошаркар кој го следи европскиот фудбал. Леброн Џејмс е директно вклучен во него со тоа што е акционер во новиот континентален клупски првак Ливерпул.