ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Караколев продолжи со Еуро Никел

Караколев продолжи со Еуро Никел

сподели

Иако имаше преговори за враќање во Куманово, искусниот Никола Караколев одлучи да го продолжи договорот со поранешниот шампион на Македонија.

Штипјанецот, кој во август ќе наполни 33 години, го продолжи договорот на уште една сезона во која се очекува повторно да биде еден од главните играчи во составот на Горан Самарџиев. На 17 одиграни натпревари претходната кампања, Караколев просечно реализираше по 9,5 поени, 2,1 скок и 0,7 асистенции. Според постигнатите поени беше четврти стрелец во екипата зад Марзет, Каплановиќ и Петровски.

Во својата веќе 15-годишна професионална кариера Караколев играше за голем број екипи од македонското кошаркарско првенство, а има и една шампионска титула, освоена со Работнички во 2009 година.