ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Капитенот стана тренер, „лентата“ по пет години доби нов сопственик

Капитенот стана тренер, „лентата“ по пет години доби нов сопственик

сподели
Мираковски ја доби првата тешка тактичка битка (фото: Александар Ристовски)

Димитар Мираковски ја заврши играчката кариера на крајот од минатата сезона и го наследи Марин Докузовски на тренерската позиција во најтрофејниот македонски клуб.

Со тоа остана слободна капитенската „функција“ во Работнички која претходните пет години ја извршуваше токму струмичанецот. Во конкуренција за негов наследник беа оние кои најдолго го носат „црвено-белиот“ дрес и единствени од старата гарда кои и лани беа членови на екипата од Градски парк (беше и Стефан Младеновиќ, но тој дојде пред почетокот на Суперлигата).

фото: Александар Ристовски

Изборот падна на поискусниот иако со помал стаж во Работнички – Кире Николовски кој ја доби довербата пред Виктор Ефремовски. Крилниот играч е повреден од почетокот на оваа година и уште не е подготвен за игра иако беше во опрема на натпреварот против МЗТ Скопје 2.

Неговото враќање се очекува во текот на ноември, навреме за дербито против шампионот што се игра во седмото коло.