ПОЧЕТНА СП 2019 Капата долу за остварувањето за вечноста!

Капата долу за остварувањето за вечноста!

сподели
FIBA

Нема многу играчи што ќе се пофалат дека играле на толку светски првенства, односно на редоследни светски самити со нивните селекции, како што се тројцата мускетари од редовите на репрезентацијата на Кариоките.

Андерсон Варежао (37), Леандро Барбоса (36) и Алекс Гарсија (39) имаат 5 редоследни учества на мундијалите. Бразил нема пропуштено СП од 1950-та година, кога беше одржано првото, во Аргентина.

Луис Скола од Аргентина и Едуардо Мињас од Ангола исто така имаат 5 по ред, од играчите што се присутни на 18-то светско првенство што се одржува во Кина.