ПОЧЕТНА СП 2019 Канада е првата жртва на Австралија

Канада е првата жртва на Австралија

сподели
FIBA

Кенгурите продолжуваат во висок стил и на светското првенство, по триумфот против Американците во подготовките, пред доаѓањето во Кина. Во првиот дуел на овој мундијал, на два кандидата за висок пласман, селекцијата од петтиот континент славеше со 92:108.

FIBA

Метју Делаведова постигна 24 поени, Крис Гоулдинг имаше 16, Пети Милс постигна 15, Џо Инглс додаде 13, кај двоцифрените се приклучија и Богут со 12, односно Бејнс со 10 поени. Бирч со 18, Џозеф со 16 и Пангос со 14 беа најдобри стрелци кај поразените.

Австралијците го диктираа развојот на мечот, во третиот период Канада поведе по маестралните 10 минути (37:24), но во последниот период (15:32) НБА погононт на зелените додаде гас и отпорот беше скршен. Пресудија играта во рекетот и клупата на Австралија.