ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА (ФОТО) Калиниќ не пропушти шанса да го дотолчи Сале

(ФОТО) Калиниќ не пропушти шанса да го дотолчи Сале

сподели
BeBasket

Кошаркарот на Фенербахче беше еден од играчите од кои се откажа селекторот Александар Ѓорѓевиќ за Светското првенство, од неразбирливи причини.

Јасно е дека нивните односи не се најдобри, Никола Калиниќ го искоментира своето отсуство уште пред почетокот на првенството, а сега и потврди дека не му простува на Сале што го изостави од националниот тим.

На Инстаграм осамна фотографија од селекторот на која има двосмислена порака: „Ова ми е скола“, алудирајќи на школа, што на српски значи школо или лекција, односно на ветеранот во редовите на аргентинската репрезентација кој одигра извонреден натпревар и беше меѓу најдобрите во својот тим.

Лајк на овој пост стави Калиниќ кој со тоа уште еднаш го изрази своето незадоволство што не отпатува во Кина.