ПОЧЕТНА ЕВРОПА Каква Грција, каква АБА, менуваме име

Каква Грција, каква АБА, менуваме име

сподели
фото: BC Olympiacos

Една од двете грчки екипи, синоними за грчката кошарка, не само што нема да настапува во првата лига на оваа земја, туку и ќе го смени името на тимот што ќе се натпреварува во втората лига, кој што ќе постои само од административни и правни причини.

Според информациите од Олимпоијакос, ова е направено со цел да се избегне комплетно исфрлање на пирејската екипа од грчката кошарка. Со оглед на тоа дека има А лиценца за настап во Евролига, има стабилни финансии и силен ростер, Олимпијакос останува во елитното натпреварување под капата на УЛЕБ.

фото: Olympiacos BC

Со овој потег на црвено-белите, инспириран, како што велат, од форсирањето на Панатинаикос во Грција, автоматски се наметнува прашањето дали е ова иднината на европската кошарка, формирање на континентална лига со најсилните клубови кои што нема да настапуваат во домашните првенства?