ПОЧЕТНА ПРВЕНСТВА Каква е повредата на Теодосиќ и какви му се шансите за СП?

Каква е повредата на Теодосиќ и какви му се шансите за СП?

сподели
Теодосиќ ја обнови повредата што му ја сопре НБА кариерата.

Српскиот плејмејкер доживеал нова повреда на plantar fascia, покажала снимката од магнетната резонанса, а потврдил докторот на српската кошаркарска репрзентација, Драган Радовановиќ.

Повредата е на конективното ткиво на долниот дел на стапалото, кое што ги поврзува петата и метатарзалните коски коишто се дел од зглобовите на прстите на стапалото.

„Интензивната терапија е почната. Во следните денови ќе знаеме каква е неговата состојба. Ќе следат нови тестови и тогаш ќе можеме да кажеме колку време ќе се опоравува.“ – се зборовите на репрезентативниот доктор.

Повредата му се повтори во синиот дрес на Србија, исто како првичната во редовите на ЛА Клиперс.

За комплетно залечување се потребни 3-4 седмици, тоа е дебел и силен лигамент кој што не може да се залечи самиот (со одмор) и најчесто повредите на овој дел од телото стануваат хронични, ако не се санираат навремено и комплетно.

Повредите настануваат од висок притисок на ова конективно ткиво и потребна е соодветна рехабилитација, особено кога станува збор за спортските повреди, затоа што спортистите се подложни на секојдневни високоинтензивни активности.