ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Какруки со кош во последната секунда им донесе победа на јуниорите

Какруки со кош во последната секунда им донесе победа на јуниорите

сподели
FIBA

Македонската репрезентација составена од кошаркари до 20 години ја забележа втората победа на подготовките за Европското првенство Б-дивизија што во јули се одржува во Португалија.

Во првиот од двата предвидени дуели со Унгарија во Сехешфехервар, нашите кошаркари славеа со 56:58.

Кошот за победа го постигна Валмир Какруки во последната секунда на асистенција на Дамјан Крстевски. Според селекторот Дарко Радуловиќ, македонската репрезентација требала да триумфира многу поубедливо, но осцилациите во играта придонеле победникот да се решава во финишот.

Какруки е најефикасен во нашиот национален тим и единствен со двоцифрен број поени (10), Темелковски постигна 9, а Митевски 8.

Утре од 15 часот нашите јуниори ќе одиграат уште еден натпревар со унгарската репрезентација.