ПОЧЕТНА СВЕТ (ВИДЕО) Каков тандем е ова – 70 поени против Портланд!

(ВИДЕО) Каков тандем е ова – 70 поени против Портланд!

сподели

Минатонеделниот пораз од Далас беше момент на слабост на Лос Анџелес Лејкерс кој оттогаш врза три победи. Последната на гости кај Портланд со 113:136, на крилјата на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Пеколниот тим на Лејкерс заедно реализира 70 поени или повеќе од половина на својата екипа, од кои 39 (со 9 скока) на Дејвис и 31 (со 8 асистенции и 7 скока) на Леброн. Во екипата на Портланд, Хасан Вајтсајд постигна 17 поени и 10 скока.