ПОЧЕТНА ЕВРОПА (ВИДЕО) Каков спектакл: Екипата на Димитријевиќ победи со кош преку цел терен

(ВИДЕО) Каков спектакл: Екипата на Димитријевиќ победи со кош преку цел терен

сподели
фото: Club Joventut Badalona

Хувентуд го оствари вториот трофеј во низа во Еврокупот на УЛЕБ, но до него стигна на неверојатен начин.

На домашен терен ја победи Дарушафака со 85:82 и тоа благодарение на кошот во последната секунда постигнат од словенечкиот репрезентативец Клемен Препелиќ.

На две секунди пред крајот тој шутираше од рекетот на својата екипа, преку цел терен и постигна кош кој веројатно ќе биде момент на колото во Еврокупот.