ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Како првпат да играме кошарка…

Како првпат да играме кошарка…

сподели
FIBA

Селекторот на македонската младинска репрезентација Дарко Радуловиќ е тотално разочаран од играта на своите кошаркари на стартот од Европското првенство Б-дивизија во Португалија.

Како и не би бил, два натпревара загубени со вкупно 73 поени разлика, како да станува збор за аматерска селекција. Шансите за четвртфинале се загубени, но мора да се игра за честа во следните две кола и да се избори место барем во првата половина од генералниот пласман.

„Игравме против две многу поквалитетни репрезентации, веројатно двете ќе бидат во топ-5 на првенството. Покажавме разочарувачка адаптација во недомашни (не во своја сала) услови за игра.

FIBA

Имаме катастрофална комуникација во одбраната, а нападот не би го коментирал, ќе кажам само дека тотално потфрливме. Кошаркарите се преплашени, како првпат да играат кошарка. И дисциплината не е на ниво, ама за тоа во анализата по првенството“, изјави Радуловиќ за basketball.mk.

Следен противник е Луксембург, на 16-ти јули, а во групата е уште репрезентацијата на Словачка.