ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Како падна шампионот во Кавадарци?

Како падна шампионот во Кавадарци?

сподели
фото: Томе Галактикос Арсов

Некој можеби очекуваше, некој не, повеќе беа овие вторите, но на играчите на Еуро Никел не им пречеше и не им беше важно што мислат другите – тие му зедоа мерка на првакот (92:78) и скинаа уште едне голем скопски скалп, што секогаш е вкусна приказна за добра ноќ.

Дуелот почна со +4 за гостите на крајот на првиот период (20:24), силен ретурн-аперкат на домашните во вториот период (32:16), континуитет во третиот (23:17) и рутина во последниот (17:21). Еуро Никел водеше против МЗТ Скопје и со +21, во текот на третата четвртина (75:54).