ПОЧЕТНА Некатегоризирана Како можеа Лејкерс да го потпишат Дадли, а не Мело?

Како можеа Лејкерс да го потпишат Дадли, а не Мело?

сподели

Ситуацијата со Кармело Ентони и натаму е интересна за сите кои ја следат НБА лигата бидејќи третиот пик од драфтот во 2003 година и натаму е без ангажман.

Тој учествуваше на тренинзите на Бруклин Нетс во Лас Вегас, за него, наводно, беа заинтересирани неколку екипи, но до договор не дојде. Поранешниот кошаркар на Хјустон и Сакраменто, Ројс Вајт за таквата ситуација ги обвини Леброн Џејмс и Лос Анџелес Лејкерс.

„Леброн се однесува како тој да е се во франшизата. Затоа прашувам: како можеше неговиот ‘брат’ да остане без тим, а во Лејкерс да дојде Џеред Дадли? Ако некој ми каже дека Дадли е подобар од Кармело, ќе му удрам шлаканица“, изјави Вајт чија кариера беше прерано прекината поради психички проблеми.

Дадли се обиде да одговори преку социјалните мрежи каде напиша дека не е прашањето кој е подобар, туку кој може повеќе да му помогне на тимот. Освен тоа изрази максимален респект кон Мело за кого смета дека е иден член на Куќата на славните.

Но, Вајт не е единствен кој го поставува прашањето за Кармело Ентони. Неодамна и Гилберт Аренас изјави дека Мело мора да биде член на Лејкерс бидејќи играч како него му недостасува на тимот.