ПОЧЕТНА Некатегоризирана Како „каталонци“ да засакаат мадридист? Прашајте го Миротиќ!

Како „каталонци“ да засакаат мадридист? Прашајте го Миротиќ!

сподели
Barça Basket

Шпанскиот кошаркар со црногорски корени на социјалните мрежи одговараше на прашања од, генерално, навивачи на Барселона.

Одговорите им се допаднаа на каталонските фанови, а очигледно Никола Миротиќ знае што треба да каже за да им го направи меракот.

Кажа дека децата и сопругата му се инспирација, дека кошарка почнал да игра на 13 години, Пешиќ го нарече легенда, знае фудбал затоа што тренирал како дете, паеља му е омилено јадење… Но, најважниот одговор е поврзан со живата легенда на Фудбалскиот клуб Барселона.

„Јасно е дека Меси е GOAT (Greatest od all time – најдобар на сите времиња)“

Готово е, навивачите се „купени“, Миротиќ може да заигра во Блауграна. Реал – тоа е лошо минато!