ПОЧЕТНА СВЕТ Како Јокиќ го „изигра“ својот тренер

Како Јокиќ го „изигра“ својот тренер

сподели
@nuggets

Пред почетокот на седмиот решавачки меч од западната полуфинална серија меѓу Денвер и Клиперс, српскиот центар му ветил прекрасен роденденски подарок на Мајк Мелоун.

„Коуч, сигурно ќе ви подарам нешто прекрасно за роденден: или ќе си одите дома кај своите, или ќе се пласираме во финалето на Западната конференција.“ – рекол Никола.

Од кошаркарска гледна точка, Мелоун сепак се израдувал повеќе на она што го доби од Јокиќ и од Мари, кои се носителите на играта на Денвер во оваа постсезона, која, поради ковид пандемијата, се игра во изолација во центарот „Дизни“, во Орландо.