ПОЧЕТНА СВЕТ (ФОТО) Како изгледаше стартната постава кога Лејкерс последен пат имаа 50 победи…

(ФОТО) Како изгледаше стартната постава кога Лејкерс последен пат имаа 50 победи…

сподели

Со триумфот против Клиперс, втората најтрофејна франшиза во НБА ја мина магичната граница од 50 победи во една сезона, нешто што до лани беше незамисливо.

Лос Анџелес Лејкерс претходните шест сезони не успеа да влезе во плеј-офот, а сега веројатно ќе ја има првата стартна позиција во разигрувањето за титулата бидејќи има голема предност пред ривалите. Последен пат во плеј-офот се најде во сезоната 2012/13 кога, без повредениот Коби Брајант, доживеа елиминација од Сан Антонио со 0-4 во првата рунда.

Треба да одиме две години поназад за да дојдеме до последната сезона во која Лејкерс оствариле повеќе од 50 победи. Во 2010/11 стигнаа до 57, што беше доволно за второ место во Западната конференција, но таа бројка не донесе титула.

Во конференциското полуфинале, Далас ги понижи Лејкерс, ги „исчисти“ со 4-0, а потоа дојде до својата прва титула во историјата. Почетната постава на тимот предводен од Фил Џексон изгледаше магично: Коби Брајант, Пау Гасол, Рон Артест, Дерек Фишер и Ламар Одом.